Karike.com je društvena mreža koja ti nudi priliku da komuniciraš sa svojim prijateljima, upoznaš nove ljude, saznaš šta drugi misle o tebi i postaneš zvezda! Za korišćenje sajta uloguj se ili registruj! Besplatno je...
lena65 blog


Снежните ѕвезди го играа својот прв танц. Ништо не им го реметеше мирот, освен една млада жена која чекореше низ тесната градска улица. Нејзиното тело, завиткано во топлата наметка безмилосно му ги крадеше снегулките на небото. Со секој нов чекор, тие стануваа побројни, па така, таа наликуваше на некаква нежно извајана, снежна фигура. Маѓијата беше целосна, зашто таа и покрај новото платно врз себе, успеваше да се движи и движи... Главата ја носеше сведнато, не сакаше да го почувствува галежот на тие ладни убавици. Нејзиното лице беше црвено од огнот што и ја запали душата. Вечерва ќе се сретната за првпат. Таа и таинствениот човек што подолго време и ги крадеше и мислите и сонот. Во главата и се вееја прашањата како што надвор снегулките ги навеваа улиците...
Со раката го стави клучот во бравата што беше на добар пат да се застакли. Клучот влезе полека и, за чудо, не беа потребни посебни напрегања, пред да ја почувствува топлината на сопствениот дом. Со брзина на молња, од себе ги сметна белите снегулки и својата наметка. Потрча во кујната да ја вклучи печката и, да подготви вкусна закуска. Вовлечена во работата им дозволи на мислите да се испреплетат со мирисот на храната. Пред очите и се редеа слики на човекот кој го гледаше како дел од сопственото битие. Никогаш порано не беше ваква. Не дека се немаше состанувано со момчиња, не дека немаше говорено со нив, уживано во ритмот на музиката кога рацете и телата ќе им се испреплетеа на подиумот за играње, но никогаш не било како сега. Таа не ја знаеше неговата лика, не ја знаеше бојата на неговите очи, не знаеше за големината и цврстината на неговите дланки, но тоа не и беше важно. Ја знаеше неговата душа. Знаеше што го прави насмеан, што тажен. Знаеше кој филм беше негов омилен, која книга ја чита, кој филозоф беше негов духовен водач... Знаеше повеќе од сите оние кои го познаваа пред неа. Да ја намали сопствената нервоза ја вклучи музиката што за миг ја пополни празнината на просторијата со топлина, оставјќи простор за нив двајцата.
Силуетата што се појави пред нејзините очи
Ѝ го замагли погледот. Воздухот Ѝ го беше стегнало грлото, а кристалите жуборливо извираа од аглите на нејзините очи... Подадената рака и букетот црвени ружи ја затскрија неговата широка насмевка. За миг, се почувствува засрамено. Солзите беа побрзи од нејзиниот разум... Липаше на цел глас. Тогаш, цветовите се спуштија долу без да внимаваат на сопствената убавина. Пред да потклекне, две цврсти раце се завиткаа околу нејзинот тело. Наликуваше на цвет кој после силната бура се прилепил на сопственото стебло...Благиот тресок на вратата што се затвори Ѝ го сврте погледот кон неговите очи. Во нив се виде себеси. Го виде своето постоење. Својот живот кој поминал без да го има него. Ја виде сопствената иднина, зашто тој не беше ништо друго освен нејзиното утре, нежна насмевка што се раѓа со топлината на згужваниот кревет и мирисот на свежото кафе...


Светлината од ноќната ламба ја откриваше љубопитноста на снежните снегулки што бесрамно се лепеа на стаклото сакајќи да уживаат во нежните шепоти, насмевки и бакнежи...
Но, тоа траеше колку и должината на оваа посебна ноќ. Забрзано, се селеа на соседниот прозорец, сакајќи на сопствениците да им раскажат за големата љубов што се роди со нив...





 
Interesantno
pozitivni glasovi: 0  |  negativni glasovi: 0

Napiši komentar: