Karike.com je društvena mreža koja ti nudi priliku da komuniciraš sa svojim prijateljima, upoznaš nove ljude, saznaš šta drugi misle o tebi i postaneš zvezda! Za korišćenje sajta uloguj se ili registruj! Besplatno je...
mak2008 blog

Поголемо сексуално задоволство – за него и за неа

Кегелови вежби

Поголемо сексуално задоволство – за него и за неа


Дали знаете дека постојат вежби кои можат да го зголемат уживањето во сексот? Со редовно вежбање, за само неколку недели, се постигнуваат неверојатни резултати, а Вашата упорност ќе биде наградена единствено со позитивни ефекти. Зголеменото сексуално задоволство и поинтензивниот оргазам ќе ја зголемат Вашата самодоверба и ќе го подобрат квалитетот на Вашиот живот.

Кегелови вежби за полесно постигнување на поинтензивен оргазам

Во 1948-та гинекологот др. Арнолд Кегел дошол до заклучок дека зајакнувањето на пелвичните (карличните) мускули им помага на жените со инконтиненција (неконтролирано мокрење), која се појавува по породувањето. Тој осмислил едноставни вежби со стегање и опуштање на мускулите на долниот карличен дел. Жените кои ги практикувале таканаречените Кегелови вежби, набрзо сфатиле дека тие имаат и изненадувачки придружен ефект – поинтензивен оргазам.

Кегелови вежби за мажи

Кегеловите вежби можат и на мажите да им помогнат со одредени проблеми, како на пример со прераната ејакулација. Резултатот им годи и на мажите и на жените.
Пелвичните мускули им даваат поддршка на органите за репродукција и на мочниот меур. По породување, операција, како последица на зголемена телесна тежина или пак со стареење овие мускули слабеат и се опуштаат. Токму затоа тие не ја извршуваат својата првична функција и положбата на органите се менува.

Како последици можат да се појават:

  • инконтиненција (неконтролирано мокрење- на пр. при кивање, кашлање, смеење)

  • хемероиди,

  • болки во грбот,

  • инконтиненција на изметот,

  • намалено уживање при сексуалниот однос,

  • неспособност за постигнување на оргазам,

  • прераната ејакулација.

Позитивни ефекти од Кегеловите вежби кај мажите и кај жените

Со правилно применување на Кегеловите вежби, 50 до 80 проценти од луѓето ги почувствувале ефектите и ги намалиле проблемите поврзани со опуштените пелвични мускули. Редовното секојдневно стегање и опуштање ги зајакнува мускулите, а резултатите се забележуваат веќе по четири недели. Но, кај некои случаи подобрувањето се забележува дури по три месеци.

Позитивни ефекти кај жените:

  • зајакнати пелвични мускули,

  • подобрување на инконтиненцијата,

  • зголемено уживање при сексуалниот однос,

  • способност за постигнување на оргазам,

  • поинтензивен оргазам.

Позитивни ефекти кај мажите:

  • намалени проблеми со прераната ејакулација,

  • оргазам без ејакулација,

  • поинтензивен оргазам,

  • посилни мускули кои ги подржуваат тестисите (токму затоа тестисите се „кренати“ повисоко)

Како да ги почувствувате пелвичните мускули?

Најлесниот начин да ги почувствувате пелвичните мускули е при мокрењето да ја задржите урината на еден момент. Мускули на стомакот, бедрата и задникот треба да бидат комплетно опуштени.
Кога ќе го направите тоа, ќе знаете за кои мускули се работи. Тоа се оние кои се стегаат за време на оргазам.

Внимание – ова е само тест! Не повторувајте го повеќе пати. Практикувањето на вежбите за време на уринирањето може да предизвика инфекција на уринарниот тракт. Исто така, внимавајте на правилното вежбање – тоа не подразбира стегање на мускулите на стомакот, бедрата и задникот.

Како се прават Кегеловите вежби?

Доколку почувствувате некаква нелагодност, болки во стомакот или грбот, најверојатно не ги правите вежбите онака како што треба. Не зголемувајте го бројот на повторувањата или пак времето на стегање, бидејќи на тој начин можни се спротивни ефекти.

Основна вежба:
1) испразнете го мочниот меур
2) стегнете ги пелвичните мускули и останете така 10 секунди
3) комплетно опуштете ги мускулите

Се препорачува повторување на вежбата во десет серии трипати на ден (наутро, на пладне и навечер).

Вежба1
1) стегајте ги ПМ 5 секунди
2) комплетно опуштете ги мускулите и останете така 1 секунда

Вежба 2
1) стегајте ги ПМ 5 секунди
2) опуштете ги мускилите 1 секунда
3) стегајте ги ПМ 1 секунда
4) опуштете ги мускилите 1 секунда
5) повторно стегнете ги ПМ една секунда
6) комплетно опуштете ги ПМ и останете така 10 секунди

Вежба 3

1) стегнете ги ПМ сосема малку и останете така 5 секунди
2) потоа малку повеќе стегнете ги ПМ и останете така уште 5 секунди
3) стегнете ги ПМ најмногу што можете и останете така уште 5 секунди
4) сосема малку опуштете ги ПМ и останете така 5 секунди
5) потоа малку повеќе опуштете ги ПМ и останете така уште 5 секунди
6) комплетно опуштете ги ПМ и останете така 5 секунди

Можете да вежбате на кое било место и во кое било време -– во кревет, додека седите, стоите, за време на сексуалниот однос...Најлесен начин да се навикнете на вежбите е да ги практикувате за време на извршувањето на секојдневните задачи. Кој ќе забележи дека вежбате?

Овој текст е информативен и неможе да замени стручно мислење на доктор.



 
Interesantno
pozitivni glasovi: 3  |  negativni glasovi: 0

Napiši komentar: