Karike.com je društvena mreža koja ti nudi priliku da komuniciraš sa svojim prijateljima, upoznaš nove ljude, saznaš šta drugi misle o tebi i postaneš zvezda! Za korišćenje sajta uloguj se ili registruj! Besplatno je...
mak2008 blog

8 работи што не треба да ги објавувате на Фејсбук


Вашата адреса
Објавувањето на вашата домашна адреса му овозможува на секого да види каде живеете. Од вашите работодавци до бившите. Објавувањето на вакви податоци до сега повеќе пати било искористено за кражби.


Вашите долги патувања
Не објавувајте статуси во кои пишувате дека долго време нема да бидете дома. Кога на сите ќе им ги објавите вашиот распоред за одмор, некои тоа може да го разберат и како распоред кога вашата куќа ќе биде празна и без надзор.

Кратките излегувања од дома
Иако Фејсбук воведе нови опции наменети токму за ова, сепак ризиците од Фејсбук плејсес или објавување на статуси како отидов да трчам / ручам / на кафе, може да имаат слични последици како и објавување на деновите кога одите на одмор.

Несоодветните фотки
Веќе не е спорно дека можат да ве отпуштат заради фотки што ги имате објавено во албумот на Фејсбук, она што е лошо е што истото може да ви се случи и за фотографиите што мислите дека сте ги избришале од социјалната мрежа, бидејќи последните анализи покажаа дека Фејсбук на недоредено време продолжува на своите сервери да ги чува фотографиите што вие сте ги избришале.

Лични исповеди
Сте препишувале на испит? Не можете да го поднесете шефот? Сте украле нешто од продавница? Немојте да му кажувате на Фејсбук. Иако сајтот ви дозволува да одберете на кои пријатели ќе им ги кажете овие работи, сепак имајте предвид дека кога еднаш ќе објавите нешто, после тешко е да се избрише доказот за вашите нелегални активност или глупирање.

Телефонскиот број
Зошто ти е ова да објавиш? Во зависност од подесувањата ова ќе може да го види речиси секој. Нема потреба. Ако сметаш дека некој треба да го има прати му го по порака.

Одбројување до почеток на одморот
Исто како да им одбројувате на крадците, уште колку дена има додека да им се исчистите од дома и да го оставите на раат да проверат што и како имате.

Што било во работно време
Како ќе објасните дека работите, ако вашиот шеф гледа дека оставате по 10 коментари и 3 статуси додека треба да ги завршите сите работи што ви ги задал.



 
Interesantno
pozitivni glasovi: 3  |  negativni glasovi: 0

Napiši komentar:

djurdjevak (46)
Ma takve podatke ne treba davati ni na jednom sajtu pa ni na FB
#1, 04.11.2010 - 12:02