Karike.com je društvena mreža koja ti nudi priliku da komuniciraš sa svojim prijateljima, upoznaš nove ljude, saznaš šta drugi misle o tebi i postaneš zvezda! Za korišćenje sajta uloguj se ili registruj! Besplatno je...
mak2008 blog

KADA BI PRVI SVETSKI RAT BIO TUCA U BARU...

КОГА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИ БИЛА ТЕПАЧКА ВО БАР
Германија, Австрија и Италија стојат заедно сред барот, кога Србија ја потчукнува Австрија и и' го истура пивото. Австрија бара Србија да и купи скроз ново одело, бидејќи од пивото и се направиле флеки на пантолоните. Германија го поддржува ставот на Австрија. Одеднаш се приклучува и Британија и бара сите малку да се смират. Србија потенцира дека неможе да си дозволи да го купи целото одело, но може да плати за чистење на пантолоните на Австрија.
129110274DD1F54AB8F9B4B25AB0F965.jpg
Русија и Србија гледаат во Австрија. Австрија и се пушта на Србија и прашува кого гледа. Русија и предлага на Австрија да не се закача со нејзиниот помал брат. Австрија прашува, Русија и која армија, ќе ја натера да не се закача со Србија. Германија и се жали на Британија дека Франција нешто ја гледала, и дека ова е доволно неприфатливо однесување и дека Британија не треба да интервенира. Британија одговара дека Франција може да гледа во кого сака, и дека и Британија гледа во Германија, и што може тука да направи Германија?

Германија и кажува на Русија да престане да ја гледа Австрија, или Германија ќе ја онеспособи Русија за каква било акција. Британија и Франција ја прашуваат Германија дали гледа и накај Белгија.

Турција и Германија одат во ќоше и нешто шепотат. Кога ќе се вратат, Турција прави цело шоу од тоа дека таа не гледа во никого. Германија ги засукува ракавите, ја загледува Франција и удира бокс на Белгија.

Франција и Британија ја удираат Германија, а Австрија ја мава Русија. Германија ги мава Британија и Франција со едната рака а Русија со другата.

Русија замавнува кон Германија, утнува и за малку ќе паднеше. Јапонија довикува од другата страна на барот, дека е од кај Британија, ама си останува на местото. Италија ги изненадува сите удирајќи ја Австрија.

Австралија ја удира Турција, ама оваа и враќа со бокс. Нема љутење, бидејќи Британија ја натера Австралија да влезе во тепачката.

Франција е исфрлена низ прозорецот на барот, но потоа станува и продолжува со тепањето. Русија ја фрлаат низ другиот прозорец, завршува во нокаут, доживува оштетување на мозокот, и се буди со комплетна промена на личноста.

Италија замавнува накај Австрија и утнува, но Австрија и покрај тоа паѓа на земја. Италија ги крева двете раце во воздух и трча низ барот славејќи.

Америка чека Германија да биде пред нокаут од тепањето од Англија и Франција, и потоа и се приближува и ја удира Германија со барска столица, и се прави дека таа самата ја победила Германија.

До сега сите столици се скршени а големото огледало зад барот е распарчено. Британија, Франција и Америка се согласуваат дека Германија прва почна, па целата работа е кривица на Германија. Додека Германија уште е во несвест, тие и ги пребаруваат џеповите, и го крадат новчаникот и купуваат пијачки за сите свои пријатели





 
Interesantno
pozitivni glasovi: 2  |  negativni glasovi: 0

Napiši komentar:

lena65 (51)
NEKA MU KUPAT TANGI NA SITE PO EDNA VRVCA DA SI GO PODVRZAT G...HE HE
#1, 09.11.2010 - 14:02