Овој човек насликал стотици уметнички дела користејќи ја својата крв, па дури ја поврзал својата вена на распрскувач за да може да прска крв директно на платното. 39-годишниот Рев Мајерс од Камден, западен Сиднеј, го ризикувал својот жвиот за да стане еден од првите сликари со крв во светот.



Тој пролеал литри крв во име на неговата бизарна уметност, само за да ги провоцира луѓето. „Секогаш правев работи за да ги вџашам луѓето, за да направам да се згрчат“, вели тој. Понекогаш тој ангажира медицинска сестра за да му стави катетер во вената за да може да шприца крв директно на сликарското платно.