Karike.com je društvena mreža koja ti nudi priliku da komuniciraš sa svojim prijateljima, upoznaš nove ljude, saznaš šta drugi misle o tebi i postaneš zvezda! Za korišćenje sajta uloguj se ili registruj! Besplatno je...
touch blog

Куќа стара сто години

На едно мало место, далеку од гужвите и градот, до една река има една мала куќа полна спомени, спомени стари сто години.

Години поминаа, приказни се запишаа, животи се раѓаа и умираа во неа, со неа, а таа остана така сама во тие полиња чекајќи го денот кога повторно ќе оживее. Денот кога уште една приказна ќе се запише во тие нејзини трошни ѕидови. Ѕидови полни радости, ѕидови покриени во црнила.
Беше ладна, а толку топла, кревка, а толку цврста, полна со љубов, љубов за секој што бил дел од неа. Беше дом, дом на радоста, дом на тагата.

Заминаа, ја оставија со тие суви студови, со тие пеколни горештини да умира, да пропаѓа секој следен ден. Но таа, куќа полна надеж остана, преживеа за уште една приказна да запише во својата стота година.




 
Interesantno
pozitivni glasovi: 7  |  negativni glasovi: 0

Napiši komentar:

Ubavo!!!
#2, 20.10.2018 - 00:29
20.10.2018 - 00:32
Ubavo!!!
#1, 20.10.2018 - 00:29
 

Korisnik
offline
offline touch
Makedonija, Macedonia, Skopje



Blogovi: tagovi
nema tagova
Arhiva unosa